Изложба на фотографии
Изложба на фотографии од Дејвид Боуви на фотографот Брајан Рашиќ
Изложбата на фотографии на фотографот Брајан Рашиќ ќе биде организирана во рамките на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City. Изборот на фотографии е тематски, односно ќе биде прикажана селекција на фотографии од настапите на Дејвид Боуви од различни периоди од неговата кариера. Изложбата и првиот ден од фестивалот се замислени да бидат омаж на овој музичар и, заедно со филмовите „Cracked Actor“ и „Berlin – Inspired by David Bowie“, да фрлат поголема светлина врз овој уметник. Истовремено тие ќе го продлабочат искуството за овој музичар на посетителите, коишто преку филмот и изложбата ќе стекнат подлабоки познавања за неговата историја и музика.
Биографија на Брајан Рашиќ
Брајан Рашиќ е еден од најреномираните лондонски фотографи чијашто специјалност се фотографирање на живи настапи. Последните 35 години, тој ги слика настапите на многу реномирани музичари, а е ангажиран и како личен фотограф на