4205
page-template-default,page,page-id-4205,central-core-1.0.1,ajax_updown_fade,page_not_loaded,

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

 

05 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 19.00 Ч.

Документарен филм, Србија
„Како да беше некогаш“
2008 г., 90 мин. Колор, блуреј
Реж: Душан Весиќ

„Како да беше некогаш“ на режисерот Душан Весиќ е биографски филм за култниот бенд ЕКВ од Белград. Тоа е емотивна и возбудлива приказна за животот и смртта, љубовта и омразата. Сите членови на креативното јадро на бендот преминале во периодот од 1992 до 2002 г. Од друга страна, голем е бројот на автори кои и ден денес работат инспирирани музиката на овој бенд. Покрај трагичната судбина на членовите на бендот, во филмот се збори и за поврзаноста на рокенролот со некогашните власти во СФРЈ т.е. новиот бран. Соговорниците зборуваат и за тешки теми како за патиштата преку кои работи како дроги доаѓале од врвот на комунистичкиот режим и го наоѓале патот право во процесот на создавање на една цела генерација во Белград. Преку сведочењата на пријателите на Милан и неговите колеги, музичари, коментарите на критичарите и историчарите на уметност, ќе проследиме една интересна и потресна приказна за Белград од осумдесеттите години, приказна за уметноста и животот на една прерано созреана генерација. Ќе слушнете многу добра музика која го има обележано созревањето и го има одредено музичкиот вкус на неколку генерации во поранешна Југославија, а која и денес има оставено силен белег на сите кои размислуваат и живеат урбано и слободно. Во 2018 г., режисерот Весиќ ја објави биографската книга за Маги Стефановиќ „Како таа да беше некогаш“ и после прикажувањето на филмот ќе следи разговор со режисерот и авторот и промоција на книгата.

05 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 21.30 Ч.

Звуци и тишина: Патешествијата со Манфред Ајхер
(Sounds and Silence: The Travels with Manfred Eicher)
Документарен филм, Швајцарија
2009 г., 90 мин., колор, блуреј
Режија: Норберт Вајдмер и Питер Гајер()

Манфред Ајхер е основоположник и главен музички продуцент што стои зад една од најпознатите независни музички издавачки куќи ЕСМ. Основана во 1968 г., оваа куќа може да се пофали со најпопуларните имиња од историјата на џезот,како Кит Џерет, Јан Гарбарек, Пет Метини, Гери Бартон, Еберхард Вебер, Чик Корија, Дејв Холанд и уште многу други, како и од современата класична музика: Стив Рајш, Арво Перт, Елени Каринду. Секое издание на ЕСМ е карактеристично по тоа што на едно место се среќава најдоброто од визуелните уметности со ауралните. Човекот што го постигнува тоа е Ајхер, кој патува насекаде по светот и ги снима овие музичари. Во овој филм, прикажани се неговите патешествија и работа со музичари во период од 5 години.

 

 

 

 

06 ОКТОМВРИ (САБОТА) 20.00 Ч.

Постигни или умри: Приказната за Ланг Ланг
(Do or Die: Lang Lang’s Story)
Документарен филм, Велика Британија
2012 г., 90 мин., колор, блуреј
Режија: Метју Спрингфорд()

Ланг Ланг е еден најдобрите пијанисти на сите времиња и филмот ја следи неговата животна приказна од дете гениј до глобален феномен. Неговите настапи се секогаш распродадени и тој допира до публика која е далеку од традиционално класичната. Неговата популарност и способност да се поврзе со помладите генерации одиграле значајна улога во инспирирањето на повеќе од 40 милиони деца од Кина да почнат да учат да свират на пијано. Во филмот се прикажува приказната зад феноменот Ланг Ланг.

06 ОКТОМВРИ (САБОТА) 22.00 Ч.

Стив Рајш: Соочување со фазата
(Steve Reich: Phase to Face)
Документарен филм, Франција
2012 г., 60 мин., колор, блуреј
Режија. Ерик Дармон()

Заедно со Филип Глас, Ла Монте Јанг и Тери Рајли, Стив Рајш е еден од основоположниците на минимализмот во класичната музика. Тоа е правец што се јавува на крајот од҆60-те и буквално го превртува светот на класичната музика наопаку и го заживува повторно. Денес овој автор се смета за еден од великаните на класичната музика. Филмот е портрет на овој великан и гледа ретроспективнокон неговата кариера од основањето на својата група во҆60-те, но создава и гледишта на американската авангарда која тој помогнал да се основа, неговите експерименти, а сето тоа е прикажано со настапи во Токио, Манчестер, Рим и Њујорк.