Синопсис 2018
06.06. Среда
20.00 Руичи Сакамото: Кода
Ryuichi Sakamoto: Coda
Режија: Стивен Номура Шибле
САД/Јапонија, 2017 г., 100 мин
Руичи Сакамото е познат како сестран уметник и неговите достигнувања во музиката се светски познати, почнувајќи од поп-изданијата и соработките со уметници како Дејвид Силвијан, Бил Ласвел, Иги Поп, Лори Андерсон, Хектор Зазу, па до бројните филмски проекти, како „Среќен Божиќ, г-не Лоренс“, серијата филмови во соработка со реномираниот режисер Бернардо Бертолучи ‒ „Последниот кинески цар“, „Чај во Сахара“ и „Малиот Буда“. Неодамна тој беше актуелен и со музиката за филмот на Алехандро Инариту „Повратникот“, на со Оскар наградениот Леонардо ди Каприо.
Филмот „Кода“ не е обичен портрет на овој уметник. Колку е Сакамото познат по својата музика, толку е познат и како активист. Бројни се неговите активности за борба против корупција и заштита на околината, како и хуманитарните концерти и проекти. Тој е познат како организатор или поддржувач на бројни протести во Јапонија и САД од најразлична природа – од политичка корупција и човечки слободи па сè до заштита на животната средина. Тој е предводник на протестите за затворање на нуклеарните централи во Јапонија и е организатор на концерти во поддршка на овие напори, познати како No Nukes. Познати се и неговите изданија за поддршка на чистење на светот од нагазни мини како Zero Land Mine и World Citizen. Исто така, овој филм ја слави и креативноста и дава увид во неговиот креативен процес додека работи, во неговото студио во Њујорк или додека патува ширум светот. Истовремено, филмот ја прикажува и неговата борба со ракот на грлото додека се снимал овој филм.
22.00 „Зоран Маџиров“
Продукција: Види Вака
Македонија, 2018, 1,3 мин.
Омаж за прерано починатиот великан на македонската музика Зоран Маџиров или „The Bottle Man“. Маџиров беше уметник од светки ранг Работел со музички ѕвезди како Скорпионс, Тина Тарнер, Мајкл Џексон, Стинг Со неговата музика на стаклени шишиња има преку 4.000 концерти За Маџиров секој плоштад и секој град беше музичка сцена
Blue Note: Приказна за модерниот џез
Blue Note: A Story of Modern Jazz
Режија: Џулијан Бенедикт и Андреас Морел
САД, 2008, 90 мин
„Мора да свингува!“ било мотото на Алфред Лион и Френсис Вулф, двајца германски Евреи емигранти кои во 1939 г. го основале Blue Note Records, издавачка џез куќа што била дом на великани како Мајлс Дејвис, Џон Колтрејн, Херби Хенкок, Телониус Монк, Арт Блејки, Декстер Гордон и Сони Ролинс. Blue Note е еден од најуспешните филмови кои се направени за џез-музиката, сведоштво за страста и визијата на овие двајца луѓе и сигурно свингува како пропулсивните звуци кои ја направиле нивната куќа да биде толку позната. Единствениот документарен филм за легендарната издавачка куќа вклучува и стари снимки од Алфред Лајон и Френсис Вулф, како и интервјуа со Карлос Сантана, Руди Ван Гелдер, Хорас Силвер, Херби Хенкок и многу други. Филмот е номиниран за наградата Греми за „Долга форма на музичко видео“, а се закити и со наградите Peabody и Vision Award.
07.06 Четврток
19.00 Conquering Lion
Автор: Јордан Дуков
Продукција ТВ Телма
Македонија, 36 мин, 2017 г.
“Телма докубенд” е музички ТВ документарен серијал посветен на дел од бендовите кои активно егзистираат на македонската сцена. Во оваа епизода се прикажува реге бендот од Тетово, Conquering Lion.
20.00 Филип Глас: Гледајќи го Глас
Philip Glass: Looking Glass
Реж. Ерик Дармон
Франција, 2005 г., 60 мин.
Овој документарен филм ја прикажува прекумерната енергија и активности на еден од најголемите композитори на денешницата, Филип Глас, и ни овозможува да го следиме како патува од Њујорк во Лондон и од Париз во Бостон. Во филмот зборува за неговите почетоци, неговата селидба во Париз на две години на интензивни студии кај Надја Буланже, средбата со индискиот музичар Рави Шанкар и режисерот Роберт Вилсон, кои имале големо влијание врз неговата кариера. Филмот исто така го прикажува како работи на завршните детали од неговата опера „ The Sound of a Voice“, во режија на Роберт Вудруф и под диригентство на Алан Џонсон. Камерата на режисерот Ерик Дармон, со неговите поетски кадри не носи на музичко патување во неколку месеци од животот на овој композитор кој се издигнал од андерграунд сцената на ‘70те и направил револуција во модерниот театар.
21.30 КОЈАНИСКАТСИ
KOYAANSQUATSY
Режија: Годфри Реџио
САД, 1983, 90 мин
Музика: Филип Глас
Деби-филмот на Годфри Реџио како режисер и продуцент е првиот филм од славната „Катси“ трилогија, која понатаму ја сочинуваат филмовите „Powaqqatsi“ и „Naqoyaqatsi“. Насловот е збор од јазикот на Хопи Индијанците и означува „Живот вон рамнотежа“. Овој култен филм бил создаван помеѓу 1975 и 1982 г. и е апокалиптична визија на судир меѓу два света – урбаниот живот и технологијата наспроти животната средина. Музиката за филмот е напишана од Филип Глас.
08.06. Петок
19.00 Сан Ра: Братот од другата планета
Sun Ra: Brother From Another Planet
Реж. Дон Летс
Велика Британија, 2005 г., 60 мин,
Ексцентричен и енигматичен, Сан Ра живеел во универзум кој самиот го создал. Тој тврдел дека бил роден на планетата Сатурн и се облекувал како фараон. Според некои сведоштва и документи тој се појавил на планетата Земја како Херман Блаунт, односно е роден во Бирмингем, Алабама во 1914 г. иако самиот Сан Ра секогаш демантирал дека Блаунт било неговото презиме. Овој филм на познатиот документарист, историчар, реге артист Дон Летс е обид да се одгатне човекот кој го опишуваат како „Салвадор Дали на џезот“ и кој изјавил дека дошол од Сатурн за да ја спаси црната раса односно од синџирите на планетата Земја. „Кој го ебе гетото!“ „Завртете се кон вселената!“
Тој се вратил на Сатурн во 1993 г откако создал огромна количина на овоземна и интерпланетарна музика, и тоа со неговиот многу лојален Аркестар. Филмот е одличен портрет на овој енигматичен артист и неговата уште поенигматична музика и филозофија. Space is the Place.
20.00 The Orb: Lunar Orbit
Орб: Лунарна Орбита
Режија: Патрик Бјукенен
Канада, 2017 г., 70мин
Опусот на The Orb е толку важен за развојот на амбиенталната електронска музика што им е потребен мал вовед за нивните достигнувања и место во историјата на електронската музика. По објавувањето на изданијата „Moonbuilding 2703 AD“ и „COW / Chill Out World“, режисерот Патрик Бјукенен ја искористил можноста да открие повеќе за оваа легендарна група, нивната еволуција и модус операнди.
Филмот „Лунарна Орбита“ е филм што го истражува уникатниот креативен процес на овој бенд и ја испитува приказната зад нивната музика, откривајќи го жарот за нивното созревање и корени и основите на пријателствата кои сè уште го придвижуваат овој бенд во нивните скорешни конфигурации и свежи потфати.
При снимањето, филмот имал непречен пристап во студиото додека дуото работело на изданието Moonbuilding 2703AD во Берлин, снимки од концерти, ретко видени и објавувани архивски материјали со клучните креативни фигури како Јут (Killing Joke), Гај Прат (Pink Floyd), Миксмастер Морис, Мет Блек (Coldcut) и членови од блискиот круг на Orb.
22.00 Визијата на рајот на Ли Скреч Пери
Lee Scratch Perry’s Vision of Paradise
Режија: Фолкер Шанер
2015, 100 мин, Канада
„Визијата на рајот“ е уникатен проект на повеќе начини. Тој ја прикажува животната приказна за легендарниот музичар, но тоа не е биографски филм, туку е документарен филм за една бајка. Режисерот го следел Ли Пери цели 13 години и открил една неверојатна приказна, откровение, раскажана од еден од главните протагонисти на современата музика. Тој ја открива онаа страна од приказната која никогаш не била раскажана. Филмот може да се гледа и како водич за тоа како да се промени светот со музика, со позитивен став, размислување или со, како што вели самиот Ли Пери, вибрација.
09.06 Сабота
19.00 Телма докубенд: Љубојна
Автор. Јордан Дуков
Продукција: ТВ Телма
Македонија, 2017, 40 мин
“Телма докубенд” е музички ТВ документарен серијал посветен на дел од бендовите кои активно егзистираат на македонската сцена. Во оваа епизода е направен портрет на македонскиот етно бенд Љубојна за нивната историја и творештво.
20.00 –„Драган Ѓаконовски – Шпато“ Види Вака (3 мин)
Продукција: Види Вака
Македонија, 2017, 3 мин
Краток осврт на ликот и делото на еден од великаните на македонската музика, кој со апсолутен слух ја создаде традицијата за квалитетна евергрин забавна музика.
Бил Еванс: Сеќавање на едно време
Bill Evans: Time Remembered
Режија: Брус Шпигел
САД, 2015 г., 90 мин
Филмот „Сеќавање на едно време“ ја раскажува животната приказна за турбулентниот живот на Бил Еванс и неговиот придонес за џез-музиката. Филмот е самофинансиран од продуцентот кој во период од 7 години патувал и интервјуирал околу 40 луѓе, меѓу кои се познати музичари како Џек Дежонет, Пол Моушан, Тони Бенет, Џон Хендрикс. Бил Еванс е епитом за џез-пијано и е една од иконите на џез музиката. Некогаш член на најпопуларниот состав на Мајлс Дејвис, популарниот секстет со којшто Мајлс го снимил антологискиот Kind of Blue, неговата кариера е исполнета со брилијантни џез-изданија, но неговата зависност довела до негов крај. Филмот изобилува со ретки снимки од настапи и широк опсег на историски информации за оваа џез-легенда.
22.00. Buena Vista Social Club Adios
Буена виста соушл клаб, адиос
Режија: Луси Вокер,
Велика Британија, 2017 г, 100 min
„Буена виста соушл клаб, адиос“, е продолжение на популарниот документарен филм на Вим Вендерс, овој пат во режија на Луси Вокер. „Буена виста соушл клаб, адиос“ ја раскажува целата приказна за овој проект, како од успешен албум и успешен документарен филм прераснал во глобален феномен, притоа раскажувајќи ги животните приказни на членовите на оваа група по постигнатиот глобален успех и нивните кариери.
10.06. Недела
19.00. Hansa Studios: By The Wall
Студиото Ханса, Крај ѕидот 1976-90
Режија: Мајк Кристи
Британија/Италија, 2018 г., 90 мин
Филмот „Ханса крај ѕидот: 1976-90“ беше премиерно прикажан на Скај Артс на 10 јануари оваа година, т.е. на годишнината од смртта на Дејвид Боуви. Студиото Ханса во Берлин некогаш било познато како „локација на работ на западната цивилизација“ бидејќи се наоѓало крај самиот Берлински ѕид во времето на Студената војна во поделениот Берлин. Ова студио изнедрило многу изданија и приказни – тука Боуви ги снимил изданијата „Low“ и „Heroes“ од познатата Берлинска фаза, Иги Поп ги снимил „The Idiot“ и „Lust for Life“. По успесите на овие изданија, студиото се здобило со интернационална репутација за потоа да следат многу изданија, меѓу кои и култните на Nick Cave and the Bad Seeds, Depeche Mode, Einsturzende Neubauten, REM и U2, кои тука го снимија антологискиот „Achtung Baby“. Филмот за Ханса ги обединува сите овие приказни со главните протагонисти кои раскажуваат детали за работата на ова легендарно место.
21.00 Kurt Cobain: Montage of Heck
Курт Кобејн: Монтажа на еден пекол
Режија: Брет Морген
САД, 2014 г, 145 min
Славен како еден од најиновативните и најинтимни документарни филмови на сите времиња, ова е можност да се искуси животот на Курт Кобејн со единствениот портрет на оваа славна музичка икона. Режиран од признаениот режисер Брет Морген, кој вешто ја спојува личната архива на Кобејн со уметнички артефакти, музика, претходно необјавени филмови, анимација и интервјуа од неговото семејство и најблиски пријатели.
Монтажа на еден пекол, за животот на Курт Кобејн, е истовремено многу вознемирувачки и моќен документарен филм. Кобејн е пример за емотивно запуштено дете. Но сепак во исто време, во неговата музика имало нешто што моќно одекнувало во неговата генерација. Брет Морген, авторот и режисерот, во исто време на интересен и болен начин го прикажува дијалогот помеѓу неговиот живот и уметноста. „Монтажа на еден пекол“ го прикажува животот на Курт преку домашно снимени филмови, неговите цртежи од рана возраст, анимации од неговите цртежи, музика и концерти, приказни раскажани преку интервјуа со клучни фигури од неговиот живот и актуелни видеа од сцени од неговиот живот.