НОМАД | Проекти
3894
page-template-default,page,page-id-3894,ajax_updown_fade,page_not_loaded,

Проекти

Skopje Cinema City – Фестивал на музички документарни филмови

Филмскиот фестивал Skopje Cinema City е фестивал со специјализиран фокус на музичките документарни филмови и, според изборот, има интернационален ревијален карактер. Тој има за цел популаризација и едукација од областа на документаристиката и музиката, а негова целна група се авторите и љубителите на документарниот филм, музичарите, музичките и филмските новинари и критичари, музичките и филмските работници, фотографи, дизајнери, како и сите оние коишто се поврзани со креативните индустрии во Македонија. Skopje Cinema City претставува фестивалска платформа на повеќе нивоа, и покрај прикажувањето документарни филмови вклучува и едукативни содржини и музички настани.

PosterВо тој контекст, фестивалот е поделен на неколку категории: филмска програма, едукативно-промотивна програма, изложба на фотографии и музички настапи. Во филмската програмата се застапени документарни филмови кои на авторски својствен начин ја обработуваат темата на музиката: биографски, промотивни, но и филмови со силна социјална тематика.

Денес документарните филмови се сметаат за нов вид новинарство и силен глас во објективното прикажување на одредени општествени теми и случувања. Изборот на документрани филмови кои ќе бидат прикажани на Skopje Cinema City има за цел да ја покаже таа нивна димензија, како и да овозможи нова перспектива на креативниот процес на создавањето музика. Планирано е секоја година на фестивалот да има различна земја-партнер, при што во рамките на програмата акцент ќе биде ставен врз филмови и автори од таа конкретна земја. За 2015 земја партнер е Германија.

Покрај широкиот избор на филмови, чијашто заедничка тематика е музиката, ќе бидат понудени и едукативни содржини, како што се работилници, мастер-часови, промоции и панел-дискусии, изведени од страна на специјалните гости на фестивалот. Претставници од сродни фестивали од регионот ќе ги изложат своите концепти и фестивалски искуства, со што ќе се отворат канали за соработка помеѓу режисерите и филмските работници од Македонија со тие фестивали. Тоа, од своја страна, ќе придонесе кон вмрежување на фестивалот и воспоставување на неговата улога како отскочна штица за промоција на македонските документарни филмови и македонската музика и надвор од границите на Македонија.

Како резултат на сето ова, очекуваме подобрување на филмската култура и зголемување на интересот за документарниот филм, во рамките на кои спаѓа и под-жанрот музички документарен филм, промовирање на авторството на музичките документарни филмови во Македонија и поттикнување на оваа креативна индустриска гранка кај нас, зголемување на интересот и подобрување на музичката култура во Македонија, изострување на критичката мисла и, воопшто, збогатување на културната понуда во Македонија.

Изложба на фотографии

11324140_10206322792362591_858621220_oИзложбата на фотографии на британскиот фотограф Брајан Рашиќ е предвидена за свеченото отворање на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Skopje Cinema City 2015. Изборот на фотографиите е тематски, односно ќе биде прикажана селекција на фотографии од настапите на Дејвид Боуви од различни периоди од неговата кариера. Меѓу документарните филмови на фестивалот ќе биде прикажан и филмот „Cracked Actor“ на Ален Јентоб, па така изложбата, заедно со филмот,  е замислена да биде омаж на овој музичар и да фрли поголема светлина врз кариерата на Боуви како уметник, но и да го продлабочи искуството на посетителите за неговиот вонвременски музички печат. Преку фотографиите на Рашиќ, кој директно ги следи настаните на сите големи музички случувања во Велика Британија, оваа изложба ќе придонесе кон развојот и популаризацијата на музичката култура, како и кон поголемо разбирање за значењето на концертната фотографија.