3876
page-template-default,page,page-id-3876,central-core-1.0.1,ajax_updown_fade,page_not_loaded,

Програма

Локација: Сули Ан

1 Јули

Стариот актер

Cracked Actor
(В. Британија, 1975 г. 53 мин)
реж. Алан Јентоб

Снимен во 1974 год. за време на легендарната турнеја „Diamond Dog“, овој филм документира еден контроверзен период од богатата кариера на Боуви. Притиснат од зависностa од кокаин, деловни и брачни проблеми, среде турнеја, Боуви е во најранливата ментална состојба. Тоа е периодот помеѓу „Diamond Dogs“ и „Young Americans“ и дава пресек од неговиот живот непосредно пред да се случи уште поголемо невреме во него, пред да премине во следната фаза од својата кариера – Берлин. Оваа година „Стар актер“ полни 40 години откако бил прикажан за првпат и е единствениот документарен филм којшто Боуви го одобрил и се појавува во него како соговорник. Филмот сè уште се смета за најпопуларниот во богатиот опус на режисерот и креативен директор на ББС Ален Јентоб.

Берлин – Приказна инспирирана од Дејвид Боуви

Berlin -Inspired by David Bowie
(Исланд, 2013 г, 5 мин)
реж. Вили Асгеирсон

Берлинската фаза од кариерата на Боуви е позната по едни од највлијателните албуми кои
тој ги снимил. Тоа е фаза кога Боуви бега во Европа од САД, правејќи музика инспирирана од познати германски електронски бендови, и си го средува хаотичниот живот. Многу локации во Берлин се дел од фолклорот за него и филмот „Берлин“ е една панорама на сите тие локации во градот поврзани со Боуви, проследено со музиката од тој период.

 

2 Јули

Дом на млади -Штип

(Македонија, 2015 г. 35 мин)
реж. Тања Симоновска

Се зборува за почетоците на Домот на младите во Штип и работата низ текот на годините, од раните ‘80 до денес, underground културното движење и историја, за повеќето уметници од светот кои настапувале во него.

 

Денот да е радосен

A Day to Be Happy
(Македонија, 2014 г., 60 мин)
Реж. Љубица Поповска

„Културно-уметнички работници“ е култен бенд со долга историја и шарени карактери. Режисерката Љубица Поповска живописно ја доловува магијата на овој бенд отсликан во меѓусебните односи и карактерни црти. Во целиот филм камерата е како еден инсајдер што има ексклузивен пристап. Плод на тоа е т.н. „заебантски рок“, којшто е резултат на неколкуте харизматични ликови во бендот

Јас сум андерграунд.

I am Underground
(Македонија, 2014 г., 26 мин)
Реж. Митко Трајановски и Александар Манасиев

Шутка Рома рап е еден од најпопуларните ромски хип-хоп бендови, кои се повеќе познати надвор отколку во Македонија. Нивната музика е уникатен спој од хип-хоп ритми и ромска блех музика. Тоа што е карактеристично за нив се енергетичните настапи кои се одлично прикажани во овој филм за бендот. „Јас сум андерграунд“ раскажува интересна приказна за членовите на овој состав, но и за заедницата од која доаѓаат.

 

 

3 Јули

Али Фарка Туре – Савана

Ali Farka Toure – Savane
World Music Production

Мали е можеби најсиромашната држава во Африка, но сигурно е најбогатата кога станува збор за музика и фолклор. Од таа држава никогаш не недостигале интересни и маркантни музички фигури. Од сите нив најмногу се истакнува сега починатиот Али Фарка Туре, кој на светот му го донесе пустинскиот блуз. Неговиот дует албум со Рај Кудер, најпродаваното етно-издание на сите времиња, ја зацврсти легендата за овој култен музичар, а „Савана“ е неговото последно издание пред да почине во 2006 г.

 

Музиката на Пруденс

Music by Prudence
(САД, 2010 г. 30 мин)
Режија: Роџер Рос Вилијамс

Овој филм награден со Оскар ја раскажува приказната за Пруденс, Африканка родена со ретка болест и деформитет, и нејзиниот бенд Лијен, каде што секој од членовите живее со некаков телесен деформитет. Во Зимбабве таквите луѓе се сметаат за жртви на вештерство, а секојдневно се и жртви на предрасуди. Филмот е топла приказна за надминување на проблемите и за претворање на светот полн со омраза и суеверие во свет полн со музика, љубов и можности.

Што е, тоа е.

Here Is What Is
(Канада. 2008 г. 90 мин)
Режија: Даниел Лануа, Адам Волик, Адам Семјуелс

Продуцентот и музичар Даниел Лануа е легенда уште од времето кога се појави за првпат во ’80-те. Партнер на Брајан Ино, тие се продуцентски тим на најпознатите изданија на U2, а воедно е и продуцент на најпродаваните и најпознатите албуми на Питер Габриел, Боб Дилан, Нил Јанг, Џон Хасел. Филмот е еден вид патешествие во период од една година, додека Лануа патува ширум светот и работи врз изданија на Шинејд О’ Конор, U2, како и врз својот соло-албум, според којшто е и насловен овој филм.

 

 

4 Јули

Уметници за жици

Artists for Strings
(Македонија 2015 г, 3 мин)
Режија: Александар Јанковиќ, Александар Даутовски

Повеќе од 70 години, семејството Гиевски изработува жичени инструменти – тамбури, мандолини, гитари, мандоли, примови. Нивната работилница во Старата скопска чаршија, која е заштитен знак на ова парче историја, е единственото место каде што музичарите можат да набават вакви инструменти, изработувани со љубов и посветеност. Нивната репутација е надалеку позната, а нивните инструменти се широко користени од домашните музичари.

 

Ник Кејв - Пат до Господ знае каде

Nick Cave – The Road to God Knows Where
(Германија, 1990, 90 мин)
Реж. Ули Шупел

Режисерот Ули Шупел патува заедно со Ник Кејв и Бед Сидс по Америка. Филмот е снимен за време на нивната турнеја по САД во 1989 г., кога тие сè уште биле познат бенд само за одредени кругови. Филмот дава убав приказ на животот за време на турнеја на еден рок-бенд кој сè уште се пробива до својата поширока публика.

Одмазда на Меконсите

(Revenge of the Mekons)
(САД, 2014 г, 95 мин)
реж. Џо Енџио

The Mekons се еден од најстарите панк-бендови од Англија кои му припаѓаат на првиот бран на панкот. Според прославениот критичар, тоа е панк бенд којшто најсериозно ја прифатил панк идеологијата. Филмот на Џо Енџио ја следи нивната бурна историја – изненадувачки излети во фолк и кантри музика, излети во светот на уметноста и постојаната лоша среќа со големите издавачки куќи.

 

 

5 Јули

Преминувајќи го мостот: Звукот на Истанбул

(Crossing the Bridge: The Sound of Istanbul
(Германија 2007 год, 90 мин)
Реж.Фатих Акин

Истанбул е еден од најголемите мегалополиси во светот со 20 милиони жители. Филмот дава фасцинантн преглед на некои од најинтересните моменти од музичкиот живот на оваа метропола. Приказната ја води Александар Хаке, кој го открива богатиот свет со музика во Истанбул.

Morphine: Патешествие на соништата

Morphine: Journey of Dreams
(САД, 2014 год, 93 мин )
Реж. Марк Шуман

Приказна за бендот Морфин, кои беа популарни на почетокот од ’90те, во времето кога алтернативната музика доминирала во вкусот на младите. Препознатлива одлика на бендот беа мелодиите на басистот Сендмен, кој свиреше бас со две жици. Бендот постоел кратко време поради смртта на лидерот Сендмен, кој починал на сцена во Италија во 1999. Но, нивната