4300
page-template-default,page,page-id-4300,central-core-1.0.1,ajax_updown_fade,page_not_loaded,

Програма 2020

Локација: Кинотека на Македонија

19 септември


19:00

New Order – Decades

Њу Ордер: Декади

В.Британија, 2019 г. реж Мајк Кристи

Времетраење: 85 мин.

Филмот е приказ на нивниот проект со Манчестерскиот Интернационален Фестивал каде се организираат уметнички инсталации и проекти, и филмот е истовремено полуконцертен и полудокументарен филм за оваа соработка и серија настапи по европските градови. Покрај документирањето на оваа приказна за проектот, истовремено раскажана е приказната за историјата на бендот вклучувајќи ја и претходната инкарнација, Joy Division.



21:00

Anton Corbijn: Inside Out

Антон Корбејн: Изнесено на Виделина

Холандија, 2012 г. реж. Клартје Квирин

Времетраење: 90 мин.

Овој реномиран холандски фотограф е заслужен за неверојатни портрети на некои од најголемите музички ѕвезди во последните 40 години. Со своите фотографии и спотови поврзува познати музички ѕвезди од калибарот на Ник Кејв, Дејвид Силвијан, U2, Depeche Mode, Metallica, Nirvana, Joy Division, Том Вејтс, Дејвид Боуви, REM, The Killers, Стоунси, Arcade Fire и многу други. Овој портрет го прикажува како работи на фотосесии со овие луѓе, како и на своите играни филмови како „Контрола“, биографскиот филм за Joy Division и „Американецот“ со Џорџ Клуни.

 

 

 

 

20 септември


 


19:00

Lee Morgan: I Called Him Morgan

Ли Морган: Го викав Морган

Шведска/САД , 2016 г. реж. Каспер Колин

Времетраење: 84 мин

Ли Морган бил еден од најталентираните џез трубачи со блескава кариера и џез изданија кои се сметаат за антологиски. Меѓутоа неговата кариера била запрена кога бил убиен од сопругата во расправија. Ова е емотивен филм за тоа како една блескава кариера дошла до својот крај и луѓето кои биле инволвирани во оваа приказна.

20.30 Настап на Сашо Поповски – соло гитара


21:00

Bill Frisell: A Portrait

Бил Фрисел: Портрет

Австралија/САД, 2017 реж. Ема Франц

Времетраење: 120 мин.

Бил Фрисел е еден од најпознатите и најпочитувани џез гитаристи. Овој интимен портрет на режисерката Ема Франц е сниман неколку години додека Фрисел работел на неколку различни проекти. Фрисел, кој е повеќекратен добитник на наградата Греми и редовен добитник на наградата „Гитарист на годината“ кој го доделува џез часописот Downbeat, се смета за најиновативниот и највлијателен американски џез гитарист во последните 4 декади.