НОМАД | ЗА НОМАД АРТ
3118
page-template-default,page,page-id-3118,ajax_updown_fade,page_not_loaded,
title

ЗА НОМАД АРТ

НАШАТА МИСИЈА

Здружението на граѓани „Номад Арт Скопје“ својот фокус на делување го насочува кон културната сцена и културната понуда во Македонија. Предвидените проекти и активности на јавноста ќе ѝ понудат содржини и програми од повеќе области – музика, визуелни уметности, издаваштво. Програмската рамка на Номад Арт вклучува:

НАШИТЕ АКТИВНОСТИ

Организирање и промовирање настани од областа на културата, со домашен и со меѓународен карактер;
Изготвување е-списание за културната понуда во и вон Македонија;
Промовирање на културната традиција на градовите од внатрешноста на Македонија, особено богатата музичка традиција;
Осмислување и организирање работилници, изложби, дебати и презентации од доменот на културата;
Реализација на работни престои на гости од регионот и од странство, во рамките на нивната соодветна професионална дејност;
Соработка со слични организации од земјава и од странство;
Организирање трибини за соочување и артикулација на различните гледишта околу иднината на културната сцена во Македонија;
Градење стратегија за медиумски делувања во областа на културата;
Издаваштво од областа на културата.